Тимот на Караорман стигна до голема победа против тимот на Вардар Неготино на домашен терен со 2:0.
Првиот гол падна по само 40.секунди кога во првиот напад на домашните на нафрлената топка на Келешоски со глава погоди Тренески Марко за водство на Караорман.
Во вториот дел со контри Караорман беше доста пати опасен, а при една таква контра играчот со број 10. Адили Мурат на домаќинот погоди за 2:0. Во финишот на мечот капитенот Келешоски промаши и пенал за повисока победа.