Екипата на Еурофарм Пелистер е победник на вториот меморијален турнир во ракомет “Крсте Андоновски” кој вечерва заврши во Охрид. Тиево финалето славеа против грчкиот вицешампион Олимпијакос со 30:27.
За МВП на турнирот беше избран Ненад Костески од Еурофарм Пелистер, додека титулата за најдобар стрелец отиде кај стружанецот Гоце Ојлески левото крило на Охрид со 26 гола. Наградата за најдобар голман отиде во рацете на голманот на Олимпијакос.