Екипата на Караорман во 11.коло на ВМФЛ во натпревар за борбата за опстанок, славеше дома против Осогово со 2:0.
Избраниците на тренерот Перески го скршија отпорот на гостите во последните 15 минути од средбата. Стрелци на головите за Караорман денес беа Клечкароски во 75′ и Ајредини во 83′ од натпреварот.