Ивица Келешоски капитенот на Караорман од Струга пишува историја. Тој новата сезона ја отвори со гол и зедно со младиот Јетмир Баута донесоа победа во контролниот натпревар против Победа од Прилеп со 2:1.
Келешоски станува легенда на струшки Караорман. Тивкиот капитен многу пати кога било најтешко бил лидер на теренот и пример и надвор од него водејќи ги младите фудбалери низ настапите во фудбалските шампионати во Македонија.
Низ годините во Караорман продефилираа многу квалитетни фудбалери кои подоцна играа и за големи тимови и некои станаа и репрезентативци, но ретко кој покажа таква лојалност како Келешоски посебно кога клубот од Струга поминуваше низ тешки моменти.