Гордан Здравков нов тренер на Каменица Саса, клубот ги започна подготовките.
Второлигашот Каменица Саса денес ги започна подготовките за новата сезона во Втората лига – Исток. За нов шеф на стручниот штаб на „Рударите“ е назначен Гордан Здравков.
По строго контролирани протоколи за заштита од Ковид-19, денес фудбалерите Саса го одржаа првиот состанок, а потоа и првиот тренинг како дел од подготовките за новата сезона.