Луис Хамилтон и Мерцедес продолжуваат да доминираат во Формула 1.
Во денешните квалификации за ГН на Унгарија, актуелниот светски шампион беше најбрз со време од 1:13.447 и утре ќе стартува од пол позицијата на познатата патека „Хунгароринг“. За Хамилтон ова е 90-та пол-позиција во неговата кариера.
Доминацијата на Мерцедес ја потврди и Валтери Ботас, кој заврши веднаш зад Хамилтон, а зад два мерцедеси, своето место го најдоа возачите на Расинг Поинт, Ленс Строл и Серхио Перез.
После два автомобили на „Расинг Поинт“, се наоѓа дуото на Ферари, Себатијан Фетел и Чарлс Леклерк, а меѓу првите 10 се уште Верстапен од Ред Бул и двајца од Мекларен и Пјер Гасли од Алфа Турија.