Хозе Кајлехон по одиграното во Реал Мадрид каде што беше резерва на Кристијано Роналдо направи трансфер во Наполи каде што стана важен дел од тимот.
На 33-годишна возраст на лето му завршува договорот, а понуда за неговите услуги достави Фенербахче, но Кајлехон ќе потпише договор со шпанскиот третолигаш Марбеља клуб во кој што ја започна кариерата. Трансферната цена на фудбалерот се проценува на 10 милиони евра, а Марбеља има целосна вредност од 6 милиони евра.



