Последната трка од женскиот дел на Светското првенство во крос-кантри беше на 30 километри со класичен стил.
На неа, по четврти пат во кариерата во оваа дисциплина на Светските првенства триумфираше неверојатната Терезе Јохауг (1:24:56,3).
Норвежанката им зададе убедлив заостаток на сите останати натпреварувачки, но сепак битката за медали беше решена во самиот финиш.
Накрај, со сребро се закити втората Норвежанка на подиумот, Хајди Венг (+2:34,2), а Швеѓанката Фрида Карлсон (+2:34,8) се закити со бронза.
На четвртото место и покрај големиот отпор, се пласираше Еба Андерсон (+2:36,3), а доминацијата на Скандинавките ја поремети Австријката Тереза Штадлобер (+2:46,6).
📸 Alexander Hassenstein/Getty Images