На последните три тест натпревари, Индија во целост ја порази Англија, поведувајќи со 3-1 во меѓусебната серија.
Токму денес заврши нивниот четврти дуел, кој Индија го доби после три дена со вкупни 365 – 340, односно со 365 – 205&135.
Во првиот англиски ининг, единствено Бен Стоукс и Ден Лоренс се истакнаа со освоените 55, односно 46 поени.
Од индиските фрлачи, Аксар Пател беше најефикасен со учинок од 4-68.
Истиот играч повторно издоминира во третиот ининг со нови пет викети за декласирање на противниците.
На неговите 5-48, Равичандран Ашвин, кој во првиот ден имаше учинок од 3-47, додаде дополнителни 5-47 за отстранување на сите англиски удирачи.
Од нив, слично како и претходно, Ден Лоренс (50) постигна најмногу поени.
Што се однесува до англиските фрлачи во вториот ининг, Бен Стоукс веше најефикасен до 4-89, а од Индијците, најефикасен беа Ришаб Пант (101) и Вашингтон Сундар (96).
На овој начин, двете екипи го одиграа последниот зимски тест, а од 12 март ќе започнат нова серија во најкраткиот Т20 формат.
📸 Surjeet Yadav/Getty Images