
Во третата рунда од азиските квалификации за СП 2022, Јапонија ја порази Австралија со 2-1.
На азиските претставници, триумфот им беше неопходен за задржување на надежите за пласман најмалку во бараж, притоа надевајќи се на дополнителни потфрлувања на Австралија и на Саудиска Арабија.
На мечот, Јапонија поведе уште во раната фаза преку Ао Танака (8′), после што следуваше трпеливо следење на играта.
Сепак, со фантастичен погодок од слободен удар во 70. минута, Ајдин Хрустич израмни на 1-1, кои беа еднакви на пораз за Јапонците.
Момците на Хаџиме Моријасу не се предадоа и успеаја да дојдат до триумф на пет минути пред крајот, кога после шутот на Такума Асано, со неспретна реакција, својата мрежа ја затресе Азиз Бехич.
Австралија ја прекина рекордната серија од единаесет врзани победи во квалификациите за СП, но и понатаму остана на првото место во групата Б со девет освоени поени.
Со ист број на бодови, но со натпревар помалку и со полоша гол-разлика, на втората позиција се наоѓа Саудиска Арабија, додека Јапонија изби на третото место со вкупно шест поени.



