ГРК Охрид ја освои титулата во ЕХФ Европскиот куп и за првпат во својата историја се искачи на европскиот трон. Избраниците на тренерот Борис Ројевиќ го крунисаа одличниот настап во натпреварувањето со победа од 31-25 над унгарска Татабања во реванш-финалето.
По минималната предност стекната на првиот натпревар, охриѓани пред својата публика одиграа сигурен и доминантен меч, контролирајќи го резултатот во текот на сите 60 минути. Со убедливата победа го потврдија квалитетот и заслужено стигнаа до најголемиот успех во клупската историја.
Освојувањето на трофејот претставува голем успех не само за Охрид, туку и за македонскиот ракомет во целина. Со ова Македонија втора година по ред има шампион во ЕХФ Европскиот куп.




