Димитар Димитриоски од Прилеп е најдобар стрелец во сезоната во Суперлигата, откако постигна 212 голови на 32 натпревари.
На второто место се најде Наум Костов од Струга со 189 погодоци, додека трет е Мохамед Азиз Бен Махфоудх од Еурофарм Пелистер 2 со 179 голови.
Во Топ 10 се најдоа и Тоше Онцев, Давор Палевски, Денис Шабановиц, Александар Стојков, Димитар Коцев, Филип Николов и Петар Марковски.





