Денес, крикет репрезентациите на Обединетите Арапски Емирати и на Ирска се соочија за првпат после 19 октомври 2019, во првиот меч од меѓусебната еднодневна серија.
Имено, за Ирците ова беше прв еднодневен натпревар после 4 август, кога ја совладаа Англија, додека апстиненцијата на ОАЕ од вториот по должина формат траеше уште од 16 април 2019, кога загубија од Зимбабве.
Денес, ОАЕ неочекувано успеа да ги изненади европските претставници со првиот меѓусебен триумф после 16 февруари 2016, со резултат од 270/4 (49) – 269/5 (50).
Најзаслужни за победата на Емиратите беа удирачите Чундангапојил Ризван со 109, односно Мухамад Усман со 102 поени, додека најдобар фрлач беше Рохан Мустафа (2-43).
Кај Ирците, трицифрен беше само Пол Стирлинг (131), а од фрлачите, по два викети освоија Бери МекКарти (2-60) и Куртис Камфер (2-31).
Наредниот меч, двете селекции ќе го одиграат во недела наутро.
📸 Sportskeeda



