
Во првиот меч од баражот за шкотскиот Премиершип, Инвернес избори важно реми од 2-2 против Ст. Џонстон.
Ст. Џонстон влезе во овој двобој како претпоследна екипа од елитната група, додека Инвернес беше најдобар тим од плејофот на Чемпионшип.
На мечот, ,,Светците” поведоа со 0-2 преку Шон Руни (18′) и преку Мелкер Халберг (24′) и имаа целосна контрола во поголемиот дел од играта.
Сепак, гостите попуштија во финишот и му дозволија на Инвернес да дојде до реми со двата брзи погодоци на Рис МекАлир (73′, 80′) од единствените два шута во рамките на голот.