Ијан Бараклаф, тренерот на Северна Ирска, вчера имаше разговор со играчот на Оксфорд Јунајтед – Марк Сајкс.
Фудбалерот за врска му откри на селекторот дека не сака да настапува за репрезентацијата на Северна Ирска, иако забележа неколку настапи за нејзините младински категории (У18, У19 и У21).
Сајкс е роден во Белфаст, главниот град на Северна Ирска, но истакна дека отсекогаш сакал да го носи дресот на Република Ирска.
,,Разговорот не беше како што очекував и навистина беше големо разочарување. Жал ми е за сите тренери, за сите менаџери и за сите луѓе вклучени во неговиот развој низ сите категории.” – порача Бараклаф по разговорот.
,,Република Ирска е тимот за којшто отсекогаш сонував да настапувам и ќе направам сè за да го исполнам тоа. Горд сум што бев вклучен во екипата на Северна Ирска и што секогаш го давав мојот максимум, но морав да изберам, а тоа требаше да биде сега.” – се огласи Сајкс.