Тинекс Пролет забележа победа од 28-25 на првиот контролен натпревар против Работнички. По одработените подготовки во Маврово, тимот на тренерот Матлиески од денеска почна со одигрување на натпревари со кои ќе ја темпира формата до стартот на сезоната.