Претстојново лето во Италија ќе се случат голем број на играчки промени, а меѓу нив најинтересни ќе бидат случувањата во големите клубови. Интер ќе склучи зделка со Барселона за продажба на Лаутаро Мартинез во висина од 111 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула или тимот од Шпанија ќе вклучи играчи за да ја намали сумата.
Интер и спортскиот директор Марота замената за одличниот аргентински напаѓач ќе ја побара во Евертон и Мојзе Кин кој е поранешен играч на Јувентус. ,,Старата дама” го продаде во Евертон за 30 милиони евра, а младиот италијанец не се адаптира на англискиот фудбал и сака да се врати на ,,Апенините”. Оваа ситуација сака да ја искористи Интер и да го привлече 20-годишниот фудбалер во своите редови, а за таа цел се спремни да понудат 25 милиони евра за обештетување.



