Сопственикот на Далас Маверикс, Марк Кубан направи одличен избор со драфтувањето на Лука Дончиќ. Кубан во интервју за американските медиуми изјави дека за догледно време очекува одличниот млад словенски интернационалец да ја надмине славата и играта на Дирк Новицки кој е најдобар НБА кошаркар во Далас.
Уште во руки сезоната Дончиќ покажа дека ќе биде одлично засилување, а како одминува времето тој има се подобра статистика и станува играч број еден во тимот. Сопственикот на клубот напомена дека Новицки би бил задоволен кога Дончиќ би успеал да го надмине неговото достигнување и воедно тие двајца се и одлични пријатели. Оваа сезона Лука Дончиќ имаше статистика од 28.7 поени, 9.3 скока и 8.7 асистенции.



