Заврши првото полувреме во Тбилиси помеѓу Грузија и Македонија и резултатот гласи 0:0. На терен кој е тежок за игра, играта претежно е на средината на теренот, со грешки на двете страни, со блага иницијатива на грузијците, додека Македонија со позатворена игра чека грешка на противникот.
Грузија имаше пет удари кон нашиот гол од кои што повеќето удари беа од далечина без поголема опасност, а најголемата шанса ја имаше Горан Пандев но неговиот удар со глава со убава парада ја спречи голманот на домаќините.



