Третиот, а воедно и одлучувачкиот меч од еднодневната крикет серија помеѓу Индија и Англија беше одигран денес.
На него, до победата дојдоа Индијците, триумфирајќи тесно над актуелните светски шампиони со 329/10 (48.2) – 322/9 (50).
Во првиот ининг, Индија имаше шест двоцифрени крикетари, од кои, најефикасни беа Ришаб Пант (78), Шихар Даван (67) и Хардик Пандја (64).
Од англиските редови, сите седум фрлачи освоија викет, а од нив, најмногу се истакнаа Марк Вуд (3-34) и Адил Рашид (2-81).
Во вториот дел, Сем Куран (95) беше најдобар Англичанец, заедно со Давид Малан, кој запиша ,,педесетка”.
Од домашните фрлачи, викети освоија Тангарасу Натараџан (1-73), Бувнешвар Кумар (3-42) и Шардул Такур (4-67).
📸 Surjeet Yadav/Getty Images



