Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев на официјалната прес конференција говореа за дебито на Македонија на Европското првенство и натпреварот против Австрија од 18 часот.
Игор Ангеловски – селектор на македонската репрезентација
– Обземени сме со силни емоции. Треба да се гордееме, но веруваме дека можеме уште повеќе. Кога пред шест години отидов кај Горан Пандев во Џенова започна оваа приказна. Можеби сме аутсајдери на првенството, но не ни пречи таа улога. Напротив, дополнително носи мотив кај сите нас. Одработивме добри подготовки и сите фудбалери со нетрпение ја очекуваат средбата со Австријците.