Белгија еден од фаворитите за освојување титулата на ЕУРО 2020, ја победи Русија со 3:0 и тоа на нејзин терен во Санкт Петербург. Белгија славеше со двата гола на Лукаку и на Мение.
Претходно на вториот натпревар во денешната програма меѓу Данска и Финска, заврши со победа на Финците со 0:1 во Копенхаген. Голот вреден победа го постигна Похјанпало. Данска дури промаши и пенал во вториот дел и не дојде до израмнување.Сепак најважната вест денес е што Кристијан Ериксен во моментов е добро, и комуницира со најблиските.