Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, вчера триумфираше и на двете поединечни трки на деветтиот натпревар во рамките на европското натпреварување кое се одржа во Словенија.
Ова беше претпоследната трка од Европскиот шампионат на ридски патеки (ЕНС), која викендов се возеше во Словенија. Иџе во генералниот пласман во Европскиот шампионат на ридски патеки е на првото место.