Дарио Ивановски, е победник на Балканското првенство во полумаратон што денес се одржа во рамки на битолската трка „Трчај бе“, што воедно е и најголемиот спортски настан во Битола.
Дарио Ивановски истрча 21км за еден час, четири минути и 45 секунди и го сруши државниот рекорд во полумаратон во машка конкуренција. Второпласиран беше Ахмет Алканоглу од Турција со време 1:06:25, трет Романецот Стефан Иулис Гавлила со 1:07:42