Дербито на 30. коло од италијанската Серија Б го одиграа екипите на Монца и на Венеција.
Монца, иако важеше за фаворит, накрај доживеа убедлив пораз од 1-4.
Главен херој во победата на Венеција беше Матија Араму (6′, 19′, 56′), кој постигна хет-трик за почетни 0-3.
Само две минуѕи после третиот примен погодок, Монца намали на 1-3 преку Марко Армелино (58′), кој погоди по вторпат сезонава.
На четири минути пред крајот, својот првенец во дресот на Венеција го даде позајмениот играч од Интер, Себастијано Еспозито, кој прерходно го замени тројниот стрелец Араму.
На табелата, Монца го зазема третото место, додека Венеција е четврта со бод помалку во однос на денешниот ривал.
📸 Twitter: Venezia FC