
Откако после регуларните 38 кола, промоција во италијанската Серија А изборија Емполи и Салернитана, денес тоа им појде од рака и на фудбалерите на Венеција.
Имено, во финалето на плејофот, Венеција ја доби Читадела со вкупни 2-1 и се врати во елитата после деветнаесет години.
На првиот меч, ,,Крилестите лавови” славеа на гостински терен со 0-1, благодарение на голот на Франческо Ди Маријано (50′).
Во реваншот, двете екипи ремизираа со 1-1 после неверојатен тек на настаните.
Првото полувреме помина целосно во знакот на Читадела, која поведе со 0-1 преку Федерико Проја (26′).
Веќе во 36. минута, гостите добија и играчка предност, откако втор жолт картон, во интервал од само половина минута, доби бекот на Венеција – Пасквале Мацоки.
Во вториот дел, популарните ,,Чита” имаа седум шутеви, но ниеден од нив не заврши во мрежата на Ники Маенпаа.
Во спротивно, Венеција имаше само еден шут во рамките на голот, кој заврши со израмнувачки погодок и со заверување на промоцијата.
Главниот талисман на составот предводен од Паоло Ѕанети беше резервистот од клупата – Роберто Бокалон (90+3′).
На патот до финалето, Венеција славеше над Кјево и над Лече, додека Читадела ги елиминираше Бреша и Монца.