Македонските одбојкари на претстојното Европско првенство (ЕП) од 1 до 19 септември ќе играат во групата Ц, во финскиот град Тампере, против еден од четири кодомаќини на звршниот турнир Финска, како и репрезентациите на Русија, Холандија, Турција и Шпанија.
“Групата не е толку лесна, но не е ниту многу тешка. Ние втор пат ќе играме на едно ЕП и сега ќе бидеме поискусни. Противниците ни се познати и ни преостанува добро да се подготвиме за нив. Како и на претходното, ние и на ова ЕП одиме да се бориме и да го покажеме најдобро од Македонија во одбојка”, изјави репрезентативецот Александар Љафтов