понеделник, јануари 25, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

Хаос во Алта Бадија: Пантуро на тронот, МекГрат јунак на денот

Епов Насе ✏️ Епов Насе
декември 20, 2020
📁 Останато, Спорт

Шестата локација од овосезонскиот Светски куп во алпско скијање во машка конкуренција беше италијанската Алта Бадија.

По изминатите брзински дисциплини во Вал Гардена, на денешната програма се врати велеслаломот – четврти во новата сезона.

Во првата серија, Алексис Пантуро (1:13,27) беше најбрз од сите, а во шест десетинки се наоѓаа Филип Зубчиќ (+0,26), Марко Одермат (+0,40), Атле Лие МекГрат (+0,46), Лукас Браатен (+0,51), Жан Крањец (+0,60) и Леиф Кристијан Хауген (+0,60).

Во втората серија, повеќето од водечките потфрлија, а тоа најдобро го искористи Жистин Муризие, кој го оствари првиот подиум во кариерата во велеслалом. Швајцарецот напредна од единаесеттото до третото место и имаше заостаток од 24 стотинки во однос на Алексис Пантуро.

Имено, Пантуро успеа ,,за влакно” да ја одбрани предноста од првата серија, односно да ја претвори во првиот овосезонски подиум во велеслалом годинава. Воедно, за Французинот ова беше и прва победа во Алта Бадија.

Сепак, јунакот на денот беше 20-годишниот Норвежанец, Атле Лие МекГрат, кој со стартен број 29, за само 7 стотинки ја изгуби првата победа во кариерата. За него, второто место е далеку најдобар пласман во Светскиот куп.

Освен горенаведените скијачи, заостаток под една секунда имаа: Марко Одермат (+0,28), Томи Форд (+0,41), Александер Омодт Килде (+0,76), Александер Шмид (+0,90), Штефан Бренштајнер (+0,91), Жан Крањец (+0,93) и Филип Зубчиќ (+0,94).

Tags: Алпско скијањеАлта БадијаВелеслаломМекГратПантуро
ShareTweet
Претходна вест

Шест победи на шест трки за Германија на домашен терен

Следна вест

Ќелешоски со два гола донесе победа за Караорман

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на зимските и на англиски фудбал.

Слични вести

Еурофарм Пелистер славеше против Горица
Ракомет

Еурофарм Пелистер славеше против Горица

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
25/Јан/2021
Џудо федерација – Згрозени сме од информациите за злоставување на малолетнички
Останато

Џудо федерација – Згрозени сме од информациите за злоставување на малолетнички

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
25/Јан/2021
Познат пласманот на Македонија на Мундијалот во Египет
Ракомет

Познат пласманот на Македонија на Мундијалот во Египет

✏️ Предраг Јанчески
25/Јан/2021
Првата ѕвезда на шампионот го продолжи договорот
Спорт

Првата ѕвезда на шампионот го продолжи договорот

✏️ Предраг Јанчески
25/Јан/2021
Следна вест
Ќелешоски со два гола донесе победа за Караорман

Ќелешоски со два гола донесе победа за Караорман

Последно

Еурофарм Пелистер славеше против Горица

Џудо федерација – Згрозени сме од информациите за злоставување на малолетнички

Познат пласманот на Македонија на Мундијалот во Египет

Првата ѕвезда на шампионот го продолжи договорот

Супер талент на Работнички се сели во Фенербахче ?

Николов дебитираше против лидерот во Серија Б

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.