
И после деветтото коло од машката турска одбојкарска Ефелер лига, Халкбанк Анкара остана единствен непоразен тим.
На единствениот денешен лигашки натпревар, претставниците на главниот град на Турција славеа со 1-3 на гости кај Бурса.
Во завршницата на првиот сет, гостите покажаа поубедлива игра и ја добија првата партија со 20-25.
Вториот сегмент од мечот им припадна на домаќините, кои со убедливи 25-16 израмнија на 1-1.
Халкбанк веднаш со иста мера го врати своето водство (16-25), а во четвртиот сет ја завери својата победа со резултат од 21-25.
Кај домаќините, поентерскиот учинок се базираше на три главни одбојкари – Дмитри Бахов (11), Грасијано Да Силва (12) и Ѓокан Ѓокгоз (15).
Од избраниците на Танер Атик, убедливо најефикасен беше Фернандо Рамос Ернандез со 28 поени, а уште 13 додаде и Николас Бруно.
После девет кола, Халкбанк го држи првото место со девет победи, додека Бурса се наоѓа во плејоф-зоната на седмата позиција.