Екипата на Манчестер Сити има проблеми со коронавирусот, па пет играчи нема да бидат на располагање за премиерлигашкото дерби против Челзи. Информацијата ја потврди стратегот Пеп Гвардиола, кој на редовната прес-конференција кажа дека пет играчи нема да може да играат затоа што ќе бидат во десетдневна изолација.
Покрај пет играчи, уште двајца членови на стручниот штаб на ,,Граѓаните” се во изолација. Натпреварот меѓу Челзи и Манчестер Сити се игра во недела од 17:30 часот на ,,Стемфорд Бриџ”.



