Жозеп Бартомеу отстапи од претседателската функција, но Меси и натаму планира преселба, па затоа новиот претседател кој ќе се изгласа на 24 јануари ќе има тешка задача да го разубеди несомнено најдобриот фудбалер во историјата на каталонскиот гигант.
Екипата предводена од Роналд Куман засега не наликува како конкурент за титулата во Примера и она што повеќе загрижува е фактот што холандскиот стратег засега нема решение околу проблемот. Доколку и оваа сезона Барселона не освои ниту еден трофеј, збогување со човекот кој донесе 33 трофеи на „Камп Ноу“ ќе биде повеќе од извесно.
Како главни кандидати и реално клубови кои може да си ги дозволат услугите на Меси се Манчестер Сити и ПСЖ, но од втор план и Интер ќе ги чека своите пет минути за преговори.