
Халвор Егнер Гранеруд го зголеми своето водство во генералниот пласман, откако триумфираше на второто натпреварување во Лејк Пласид, САД.
Норвежанецот дојде до петтата победа на последните шест натпреварувања со скоковите од 125 и од 134 метри.
Вчерашниот победник, Андреас Велингер, се искачи на второто место, а третата позиција ја зазеде најдобриот Австриец – Штефан Крафт.
Пласманот во топ 5 го комплетираа Карл Гајгер и Рјоју Кобајаши, а во првите десетмина се најдоа уште: Тими Зајц, Давид Кубацки, Даниел Чофених, Жига Јелар и Михаел Хајбок.