
Второто овосезонско натпреварување во ски летови, во рамките на Светскиот куп, се одржа во Викерсунд, Норвешка.
Имено, на претпоследната етапа од турнејата ,,Роу Ер”, до триумф дојде Халвор Егнер Гранеруд со летовите од 235,5 и од 222 метри.
На второто и на третото место се пласираа двајца Австријци, односно Штефан Крафт и Даниел Чофених.
Од останатите скокачи, пласманот во топ 10 го комплетираа Рјоју Кобајаши, Анже Ланишек, Михаел Хајбок, Домен Превц, Давид Кубацки, Роберт Јохансон и Пјотр Жила.