Во финалето на групата 2 од четвртфиналето на Купот на Македонија тимот на Пролет славеше против Еурофарм Пелистер 2 со 30-26 (полувреме 14-12) и е првиот патник на Ф4 турнирот.
Кај победникот Димов постигна 7 голови, а одличен беше и Пецаковски со 6 погодоци. За Еурофарм Пелистер 2 најдобри беа Ивановски со 8 погодоци и Белистојановски со 7 гола.