Националниот тим на Македонија не се пласира на Светско првенство во Египеп кое е закажано во период од 13 јануари па се до 31 јануари во четири египетски градови на стартот на 2021 година, но затоа шеста година на Мундијалите ќе бидат присутни најдобрите македонски и светски судии, двојката Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Македонската судиска двојка добива уште еднаш големо признание и повторно ќе ја делат правдата на едно големо натпреварување. Претходно Начевски – Николов го судеа финалето на Европското првенство во 2020 година.



