Шпанецот Јон Рам пред само неколку дена го освои „Меморијал Турнамент“ и успеа да се искачи на врвот на светската ранг-листа по првпат во својата кариера. Со ова достигнување, Рам е вкупно десеттиот Европеец и вториот Шпанец во историјата, кој успеал да се пласиран на светскиот врв.
Освен него, во ова успеале и Бернард Лангер (Германија), Севе Баљестерос (Шпанија), Сер Ник Фалдо (Англија), Ијан Вуснам (Велс), Ли Вествуд (Англија), Мартин Кајмер (Германија), Лук Доналд (Англија), Рори МекИлрој (Северна Ирска) и Џастин Роуз (Англија).
Моментално, Рам, зад себе, на првите пет позиции, ги остави Рори МекИлрој, Џастин Томас, Дастин Џонсон и Веб Симпсон. Третиот најдобар Европеец е Томи Флитвуд на дванаесеттото место.
Во 2019, Рам освои дури пет турнири – „Цирих Класик оф Њу Орлеанс“, „Ириш Опен“, „Опен де Еспања“, „ДП Ворлд Тур Чемпионшип“ и „Меморијал Турнамент“, а дури на седумнаесет други турнири успеа да се пласира во првите десет.