Есенскиот шампион Струга Трим Лум во Првата македонска фудбалска лига ангажираше ново засилување пред почетокот на пролетниот дел од сезоната.
Струга Трим Лум вчера ја информираше јавноста дека боите на овој клуб ќе ги брани поранешниот македонски репрезентативец Марјан Радески.
Во првиот дел од оваа сезона настапуваше во Ерменија за Пјуник, а претходно беше дел и од екипите на Шкупи, Академија Пандев, Шкендија, Металург и 11 Октомври.