Деветтиот носител на АО 2021, Матео Беретини, во првата рунда го совлада поранешниот рекет број пет, Кевин Андерсон, со 3-0.
По сетови, резултатот гласеше 7-6 (11-9), 7-5 и 6-3 во корист на Италијанецот.
Во првата партија, тенисерите напоредно ги освојуваа гемовите на свој сервис, а во тај-брејкот Андерсон не успеа да искористи пет сет-топки.
Ситуацијата со освоените гемови беше идентична и во вториот сет, кога Беретини направи брејк во последниот гем, доволен за водство од 2-0.
Во третиот сет, Италијанецот ја искористи третата брејк-топка во претпоследниот гем, за накрај да ја завери предноста и да избори триумф.
Во втората фаза, Беретини ќе се соочи со квалификантот Томаш Махач, кој го ,,победи” Марио Вилеља Мартинез после предаден меч.
📸 Twitter: Australian Open



