Ненад Костески изјави за клупскиот сајт:
,,По поразот во Загреб мора да издвоиме некои грешки во второто полувреме. Жал ми е, игравме прекрасно прво полувреме, но натпреварот се игра 60 минути. Татабања е одличен противник, во никој случај не смееме да ги потцениме унгарците. Се подготвуваме, добро ги анализираме и ова за нас се многу битни натпревари и како се подготвуваме верувам дека ќе извојуваме две победи кои многу ќе ни значат. Не смееме да ја потцениме Татабања, иако имаат четири порази. Имаат квалитетна екипа и одлични бекови, кои ако влезат во серија ќе ни направат многу проблеми” – заврши на крај десното крило на Еурофарм Пелистер.