
Минатата година, атлетскиот клуб 7ми Ноември од Гевгелија, поради рестрикциите, ја прослави својата годишнина само со виртуелна трка.
Во 2021, токму на истиот симболичен ден, кој воедно е и денот на ослободувањето на Гевгелија, ќе биде одбележан со првата улична трка.
Имено, трката насловена November Run ќе содржи две дисциплини, на 5 и на 10 километри, а пријавувањето на истите само што започна.
Котизацијата за помалата дистанца изнесува 600 денари, додека за учество на поголемата патека, тркачите треба да одвојат 700 денари.
За возврат, секој учесник ќе добие финишер медал, маичка, фотографии и подароци од спонзори, додека за најдобрите тројца на десет километри, освен пехар, следува и парична награда.
Повеќе информации во врска со трката и со начинот на регистрација, можете да најдете на следниот линк и на профилите на Фејсбук и на Инстаграм на АК 7ми Ноември.
Линк: https://www.facebook.com/102624317856396/posts/578716136913876/



