
На третото женско екипно натпреварување во историјата на Светските првенства во ски скокови, Германија дојде до вториот златен медал.
Имено, во словенечката Планица, европската држава се врати на врвот после 2019, благодарение на: Ана Рупрехт, Лујза Герлих, Зелина Фрајтаг и Катарина Алтхаус.
Со пресврт во последната измена, до сребрено одличје дојде бранителот на титулата, Австрија, совладувајќи ја Норвешка за два и пол поени.
За ,,сребрената” селекција настапија Кјара Кројцер, Јулија Милбахер, Жакелин Зајфрајдсбергер и Ева Пинкелних, додека боите на скандинавските претставници ги бранеа Марен Лундби, Еирин Марија Квандал, Теа Минјан Бјорнсет и Ана Одине Стром.
Без пиедестал остана домашната селекција на Словенија, а по неа следуваа Јапонија, Канада, Франција, Кина, САД и Полска.