Женската сениорска репрезентација на Македонија ја оствари втората победа во квалификациите за EHF EURO 2024.
Денес во Вилнус сениорките предводени од клупата од Кристијан Грчевски славеа победа против селецијата на Литванија со резултат 28:31
Најефикасни во нашата репрезентација беа Сара Ристовска со 9 погодоци и Андреа Седловска со 8 гола. На голот одлична беше и Јованс Мицевска со 8 одбрани.