Раководството на АБА лигата ја објави одлуката околу системот на одигрувањето на натпреварите во второто по ранг регионално натпреварување во кое Македонија има два претставника и тоа Работнички Скопје и МЗТ Аеродром Скопје.
На крајот од првиот дел на АБА 2, првите осум клубови ќе ја продолжат битката во разигрувањето за титулата додека останатите ќе играат мечеви за опстанок. Домаќин на првиот турнир ќе биде екипата на Златибор од Чаетина, а натпреварите во Србија ќе се играат во периодот од 9 до 18 ноември и тимовите ќе одиграат по четири дуели.
Во втората АБА лига се натпреваруваат 14 клуба, а екипите преку два дена ќе одиграат по еден меч. Во првото коло на 9 ноември Работнички за противник го има Студентски Центар, а почетокот на мечот е закажан за 17 часот додека следниот ден во истиот термин МЗТ Скопје Артодром Скопје ќе се соочи со Подгорица.