Денеска заврши петото јубилејно издание на националниот и меѓуклубски натпревар Skopje on Ice. Оваа година имаше 53 учесници од Македонија, Бугарија, Србија и Босна кои се натпреваруваа во 10 категории.
Избрани беа национални прваци за 2021 година во категориите:
Младинки: Моника Макаровска
Јуниори: Селдин Салију
Јуниорки: Јана Куковска
Сениорки: Климентина Малеевска
Националните прваци ги прогласи директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Наумче Мојсовски.





Фото: Федерација за Лизгачки Спортови на Македонија @skatingmk.mk