Фантастичната Симона Гроздановска со 9 погодоци го предводеше Винтертур до победа над Амичитија Цирих од 26:25 во шампионатот на Швајцарија.
Со оваа победа екипата на Гроздановска обезбеди настап во плеј-офот. Во полуфиналето противник ќе им биде тимот на Брул.