
Првопласираниот во генералниот поредок, Карл Гајгер, беше победник на првото натпреварување во Енгелберг, Швајцарија од овосезонскиот Светски куп.
Германецот имаше скокови од 137 и од 140 метри, кои беа одлично изведени и воедно беа доволни за првата победа после отворањето на сезоната во Нижњи Тагил.
На втората позиција се пласираше победникот од квалификациите, Рјоју Кобајаши, кој беше ,,подолг” за половина метар од Гајгер и во двете изданија.
Третото место му припадна на Словенецот Тими Зајц, кој го освои седмиот подиум во кариерата, односно прв после 10 март 2020.
На четвртото место заврши домашниот натпреварувач, Килијан Пајер, а во топ 10 се пласираа уште: Јан Херл, Камил Штох, Халвор Егнер Гранеруд, Анже Ланишек, Штефан Крафт и Мариус Линдвик.