Македонскиот шампион Вардар утре во Лигата на шампионите има тежок натпревар против ППД Загреб во Хрватска. Поранешниот ракометар на Загреб средниот бек Анте Гаџа пред дуелот ја даде следната изјава:
„Не чека натпреварот со Загреб последен од оваа година во Лигата на шампиони. Се надеваме дека ќе одиграме одличен натпревар и дека во добро расположение ќе се вратиме во Скопје. Загреб ја подигна својата форма, освоија доста бодови во последно време. Мора да бидеме сконцентрирани и борбени за да се соочиме со нив. Треба да одиграме паметно, а доколку бидеме добри во одбрана, тогаш може да се надеваме на бодови“



