Џереми Толјан на почетокот на својата кариера многу ветуваше и се сметаше за еден од најперспективните светски бекови и во тимот на Хофенхајм се афирмириша, а потоа потпиша за Борусија Дортмунд од каде што беше позајмуван во Селтик и Сасуоло. Толјан е роден во Германија, од татко афро американец и мајка хрватица.
Фудбалерот со младата репрезентација на Германија до У-21 во Полска 2017 година го освои европскиот шампионат, додека на Олимписките Игри во Рио го освои сребрениот медал. Во сениорскиот тим на ,,панцерите” нема забележителна улога и селекторот Јоаким Лев не смета сериозно на него.
Хрватската репрезентација му понудила можност да настапува за нивниот национален тим, но Толјан дрско им одговорил дека со нив не сакал ниту кафе да седне да пие камоли фудбал да игра со нив, а на американците исто им се заблагодарил на нивната понуда да заигра за нивниот национален тим.



