Десет фудбалери на шпанска Валенсија меѓу кои и првотимците: Езекиел Гарај, Елаким Мангала и Хозе Гаја како и тренерот и докторот на екипата кои беа заразени од Ковид-19 се сите комплет оздравени најавуваат шпанските медиуми.
Клубот уште во март излезе со соопштение дека 35 посто од нивниот табор во екипата е заразен од вирусот и дека тој настанал за време на одигрување на мечот од Лига на шампиони во Милано,Италија против тимот на Аталанта.
Инаку никој од заразените немал тешки симптоми, сите биле во домашен карантин и ги следеле лекарските упатства и конечно му е ставен крај на вирусот кој настана во екипата.



