Златан Ибрахимовиќ моментално се наоѓа во својот дом во Стокхолм,Шведска за време на пандемијата со вирусот. Тој оваа сезона се врати во Италија во тимот на Милан.
Новинарите го запрашале што ќе се случува со неговата кариера. Ибрахимовиќ одговорил во свој стил дека е рано за прогнози бидејќи вирусот сеуште владее во Европа, дека моментално го преуредува станот, среќен е со своето семејство, ретко излегува, ги почитува мерките, работи во домашна теретана и дека има донирано преку фондација 100.000 евра за помош за пандемијата со вирусот.



